Претседателската лимузина на американскиот лидер Барак Обама, кој моментално се наоѓа во Израел е расипана, соопштила тајната служба која се грижи за безбедноста на претседателот.
Потпаролот на тајната служба Едвид Донован потврдил дека станува збор за механичка грешка и дека блиндираниот автомобил познат како “ѕвер” не е во возна состојба но сеуште не знаат да објаснат како дошло до тоа.
Израелската телевизија Канал 2 јави дека до дефектот дошло бидејќи во резервоарот наместо бензин наточено е гориво. Телевизијата прикажала и како шлеп служба го носи возилото, додека нов блиндиран автомобил пристигнал на аеродромот.
Во колоната на автомобили кои го пратат претседателот на САД секогаш се наоѓаат две претседателски лимузини и никогаш не се знае во која од тие две се наоѓа претседателот Обама.
-Срам ми е што имам толку голема придружба. Мишел, мојата сопруга постојано ме задева на оваа тема, изјавил Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.