Најмалку 37 работници загинаа во воздушен напад врз јеменското пристаниште Ходаида, во кој беше уништена фабрика за млеко, соопштија медицинските власти, пренесува Танјуг.
Нападот се случил синоќа и е еден од најсмртоносните во кампањата, предводена од Саудиска Арабија против Хутите.
Операциите на Саудиска Арабија и на другите држави во кои претежно живеат сунитски муслимани имаат за цел да го спречат движењето на Хутите и поранешниот претседател Али Абдул Салех да ја преземат контролата врз Јемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.