Српската полиција денеска уапси 12 лица осомничени дека се вмешани во измама вредна 5 милиони евра во хемиската фабрика „Азотара“ во Панчево, соопшти директорот на полицијата, Милорад Вељовиќ. Меѓу уапсените е и трговскиот директор на фабриката во Панчево и неколку директори на приватни претпријатија во цела Србија. Дванаесетте лица се осомничени за незаконска продажба на минеарлно ѓубриво, со што државниот буџет го оштетиле за 66 милиони динари. За време на злоупотребата оваа сума изнесувала 5 пет милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.