Финансиската полиција поднесе кривична пријава против С.Р. (27) управител и сосптвеник на скопската фирма „Хардекс Трејд“ и лицето А.А. (42) под сомнение дека сториле кривично дело „измама“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „соизвршителство“.
Како што информираат од Финансиската полиција, првопријавената С.Р. во својство на сопственик и управител на правното лице Друштвото за трговија и услуги „Хардекс Трејд“ ДООЕЛ Скопје заедно со второпријавениот А.А., свесно и со намера да се стекнат со противправна имотна корист во текот на 2011 година за даночниот период од 1 јануари 2011 до 31 март 2011 година, изготвиле и употребиле ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет, односно, во истата евидентирале измислени влезни фактури за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои реален должничко доверителски однос и соодветна документација за истиот. Пријавените лица со поднесување фалсификуваната ДДВ пријава ги измамиле, односно ги довеле во заблуда службените лица на УЈП при што противзаконски и неосновано успеале да извршат поврат на ДДВ во износ од 50.000 евра за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.
Веднаш откако парите пристигнале на сметката на правното лице, второпријавениот А.А. ги извадил сите средства во кеш и ги поделил со другите учесници во криминалот, кои понатаму ги користеле за свои лични потреби.
Двете пријавени лица се изведени пред надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст