Турскиот обвинителот Мехмет Селим Кираз им подлегнал на повредите со кои се здобил во акцијата за негово ослободување, пренесува „Си-Ен-Ен“. Кираз денеска беше држен како заложник од страна на левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).
Во акцијата за ослободување на обвинителот убиени се двајцата киднапери, а Кираз бил повреден. Медиумите истакнуваат дека Кираз бил брзо префрлен во болница и лекарите се бореле за неговиот живот, но сепак не успеале да го спасат. Дел од турските медиуми, меѓутоа, тврдат дека обвинителот бил мртов кога го донеле во болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.