| четврток, 6 декември 2018 |

Киднаперите убиени, киднапираниот обвинител ослободен

Во операцијата на турската полиција за ослободување на обвинителот Мехмет Сели Кираз, кој беше киднапиран денеска од левичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), убиени се двајцата киднапери, а Кираз е повреден.

Обвинителот е тешко повреден и е одведен на операција.

Кираз е ослободен откако специјалната полиција упадна во судот, каде членови на ДХКП-С неколку часа го држеа во заложништво. Тие се заканија дека ќе го убијат Кираз доколку полицаецот осомничен за убиството на Елван јавно пред телевизија не го признае стореното дело.

Кираз го истражуваше убиството на 15-годиниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, откако 260 денови беше во кома по здобиените повреди во судири со полицијата за време на протестите во паркот Газа.

ДХКП-С е прогласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД, откако презеде одговорност за серија убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top