Полицијата во бугарскиот град Пловдив разби меѓународна мрежа за дистрибуција и за продажба на шверцувани цигари, при што уапси 26 лица, меѓу кои и еден турски државјанин, јави БТА.
Како што соопшти денеска главниот секретар на пловдивската полиција, Георги Костов во акцијата била запленти два камиони – едниот во складиште во Пловдив, а вториот на преминот „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница.
Во секој од камионите биле откриени по 700.000 кутии шверцувани цигари.
Според Косотов, со шверцот на овие цигари на бугарскиот Буџет на име неплатени акцизи е оштетен од над 16 милиони лева (околку осум милиони евра).
Камионот што бил запленет во складиштето во Пловдив во неделата ја минал бугарско-турската граница и тогаш бил со турски регистерски таблички. Меѓутоа, при откривањето во Пловдив, тој имал бугарски таблички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.