| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Се противиме на одлуката за формирање војска на Косово

дациц

– Србија е заинтересирана за мирот и стабилноста на Косово, но е против формирањето војска на Косово и за таа тема би требало да се разговара на ниво на Советот за бзбедност на Обединетите нации – порача денеска првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ, одговарајќи на новинарско прашање пред учесниците на 88. семинар „Роуз рот“ на Парламентарното собрание на НАТО, чијашто тема е „Србија, Западен Балкан и Евроатлантската заедница“, нагласи дека Србија е против формирање војска на Косово бидејќи тоа не е во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН.

– Тоа може да има одредени последици врз безбеденоста во регионот затоа што своевремено, кога е прекината војната на Косово, беше предвидено на Косово единствените вооружени сили да бидат меѓународните сили, односно КФОР – додаде Дачиќ.

Дачиќ потсети дека за време на потпишувањето на Бриселската спогодба, премиерот на Србија Александар Вучиќ, косовскиот премиер Хашим Тачи, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и тој лично престојувале во седиштето на НАТО, каде што претставниците на таа воена организација им дале гаранции дека нема да биде дозволено доаѓање на вооружени формации на Албанците од северно Косово без согласност на КФОР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top