| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотот на „Џерманвингс“ преминал во компанијата само поради една причина

germanwingsПатрик Сондхајмер, пилотот што настрада на кобниот лет на авиокомпанијата „Џерманвингс“, преминал во таа компанија само пради една причина – сакал да минува повеќе време со семејството.

Челниците на компанијата и неговите пријатели откриле дека тој неодамна преминал во оваа компанија, пред сè, поради тоа што повеќе му одговарале пократки релации затоа што сакал почесто да си го гледа семејството – сопругата, шестгодишната ќерка и тригодишниот син.

Претходно, Сондхајмер бил капетан во „Луфтханза“,  матичната компанија на „Џерманвингс“, од каде што дошол во мај лани. Пријателите и семејството се скршени од болка поради трагедијата.

– Имаше само 34 години и сè што сакаше е да го следи својот сон и да напредува. Сега веќе го нема – рекла бабата на Патрик, Маријана Сондхајмер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top