
Патрик Зондхајмер, човекот кој се обиде да ги спаси патниците и екипажот на „Германвингс”, како да остана во сенка на Андреас Лубиц кои е осомничен дека на 24 март намерно го урна авионот, пишува Раша Тудеј.
-Отвори ја проклетата врата! Добога, отвори ја вратата”, беа последните зборови на Капетан Патрик Зондхајмер снимени на лентаат во црната кутија, додека очајно го молел копилотот да му дозволи да се врати во пилотската кабина, додава Раша Тудеј.
Зондхајмеровите барања останаа неисполнети, по што тој се обиде да ја скрши вратата со секира. Авионот се спуштал десет минути, кои за Зондхајмер веројатно биле како цела вечност, но не доволно долго за да ги спаси патниците и екипажот.
Зондхајмер (34) имал повеќе од 6.000 часа лет на авионот тип-А. 320. Во мај минатата година, одлучил да лета за ниско тарифната подружнивца на „Луфтханза” „Германвингс” поради тоа што имало пократки патувања сакал да поминува повеќе време со неговата сопруга и двете деца.
Шефот на градинката каде одат неговите деца, шест-годишна ќерка и три-годишниот син, Зондхајмер го опишува како „отворен човек, полн со ентузијазам, подготвени да помогне, кој зрачел со среќа.”
Поранешен колега Зондхајмер го опишува како еден од најдобрите пилоти.
„Тој беше многу сигурен. Еден од сто отсто најсигурни дека прават сè што е можно (за спасување на луѓето во авионот).”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


