
Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека остануваат некои потешкотии во преговорите за иранската нуклеарна програма, додавајќи дека разговорите во Лозана ќе продолжат и во текот на ноќта, во обид да се постигне договор о крајниот рок – 31 март.
Неименуван дипломат, кој учествува во разговорите, истакна дека преговорите влегле во критична фаза и дека се зголемува нивото на тајност.
– Пред прагот сме на важни решенија. Сега е важно да ја зачуваме медиумската тишина, посочи неименуваниот дипломат.
Портпаролката на Стејт департментот Мари Харф истакна дека не е обврзно во идниот договор да пишува дека Иран збогатениот ураниум ќе го складира во странство. Таа додаде дека на Иран му е потребна една година за да произведе доволно количество збогатен урамиум за една нуклеарна бомба.
Харф наведе и дека можноста за постигнување на договор меѓу Иран и шесторката е 50 – 50.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


