| четврток, 6 декември 2018 |

Детална 3Д анимација на кобниот лет на „Germanwings“ (видео)

timthumb

Американски NBC објави детална 3Д анимација на летот на авионот на „Germanwings“ кој според повеќето информации во француските Алпи намерно го урнал копилотот Андреас Лубиц.
Последните информации на германските обвинители велат дека копилотот, пред да добие летачка дозвола, се лекувал поради самоубиствени тенденции. 27-годишниот Лубиц е осомничен дека убил 149 лица и себе си со уривање на авионот на „Germanwings“
Пронајдени остатоците од телото на Лубиц
-Уште нема докази дека копилотот претходно го најавил она за што се претпоставува дека го направил и не пронајдовме писмо или нешто друго што би можеле да го сметаме како признание – рекол државниот обвинител на Дизелдорф Кристоф Камп и додал дека уште не пронашле нешто што би докажало дека Лубиц имал мотив за рушење на авионот.
Истражителите на местото на падот на „Germanwings“ потврдија дека се пронајдени остатоците од телото на копилотот Андреас Лубиц.
3Д анимација го прикажува полетувањето на авионот од Барселона, неговото подигање на 11,500 метри висина и потоа понирање и рушење во француските Алпи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top