| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК нема да прати експерти во обвинителството

 javno-obvinitelstvo-tabla

Европската Комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна  кривична постапка. Ова, како што информира Јавното обвинителство на Република Македонија, е наведено во одговорот од Европската комисија на барањето за испраќање меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, а произлезени од последните актуелни случувања.

Во дописот, како што соопштуваат, е истакнато дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца ( и во случај на жалба апелациониот суд).

– Јавното обвинителство ја искажува својата отвореност и покана за меѓународни експерти од ЕУ. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, Јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори, наведува во соопштението.

Оттаму наведуваат дека Јавното обвинителство иако има капацитет и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканија Европската Комисија преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top