| четврток, 6 декември 2018 |

Приштина: Поранешни членови од ОВК протестираат против формирање специјален суд

Стотина поранешни членови на Армијата за ослободување на Косово упаднаа денеска во дворот на зградата на Владата за време на протестот во центарот на Приштина.

Беа упатени и повици за насилно влегување во зградата на Владата.

Поранешните членови на АОК протестираат против формирањето Специјален суд за воени злосторства во Косово и против необјавувањето на списоците на ветераните.

Протестот го обезбедуваат засилени единици на косовската полиција. Организаторите на протестот соопштија пред почетокот дека нема да бидат одговорни ако мирниот протест прерасне во насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top