| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија по грешка ги открила личните податоци на светските лидери

Австралиската имиграциона служба, по грешка ги открила личните податоци на светските лидери-учесници на ноемврискиот самит Г20 во Бризбејн. Уште пострашно од сѐ е тоа што тие мислеле дека не мора да ги извести за тоа!

Гардијан пренесува дека службеник на агенцијата, на организаторите на фудбалскиот турнир “Азиски куп”, случајно им ги пратил броевите на пасошите, податоците од визите и другите лични податоци на сите учесници на самитот.

На Самитот Г20, присуствувале и американскиот претседател Барак Обама, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Шинзо Абе, претседателот на Индонезија Џоко Видодо и британскиот премиер Дејвид Камерон.

g20
Имено, директорот на Одделението за визи при австралиското Министерство за имиграција и заштита на границите, го известил австралискиот комесар за заштита на приватноста за инцидентот на 7. ноември 2014. година, и побарал итен совет.

Во мејлот на комесарот, било наведено дека за овој пропуст бил одговорен еден службеник, кој по грешка ги доставил личните податоци на лидерите, до организаторите на “Азискиот куп” во фудбал, кој се одржувал во јануари во Австралија.

-Заштитените лични податоци кои биле откриени, содржат имиња, датуми на раѓање, функција, националност, број на пасош, број на виза на 31 светски лидер кој учествувал на Самитот G20, било наведено е во мејлот и додадено дека причината за повреда на безбедноста на податоците е човечка грешка.

Службеникот не проверил дали во програмата “Microsoft Outlook” е внесен правилниот примател, што довело до тоа мејлот да заврши во рацете на погрешни луѓе.

Било наведено и дека неовластениот примател го избришал мејлот и “го испразнил фолдерот со избришани документи”.

Службеничка од имиграционата агенција напишала дека смета оти светските лидери не би требало да се известат за овој пропуст.

-Имајќи во предвид дека ризиците се многу мали, и дека се преземени мерки за да се спречи понатамошна дистрибуција на мејлот, мислам дека не е неопходно да се известат клиентите за повредата на безбедноста на нивните податоци, напишала таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top