| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа лето – време е за Саси вода

sasi-voda-za-ramen-stomak-02

Саси-водата е клучна состојка на диетата за рамен стомак (‘Flat Belly Diet’) што ја смислила нутриционистката Синтија Сас. Тоа вкусна напивка што името го добила по својата креаторка, освежува и витализира, содржи минимален број калории и има благотворно дејство врз организмот. На пример, ѓумбирот ја намалува надуеноста и го смирува системот за варење.

Концептот на саси-водата се темели на фактот дека на човечкото тело му се потребни минимум осум чаши вода за да може нормално да функционира. Секако, таа количина е само ориентир и почетна точка зашто потребата за течности варира од човек до човек и зависи од нивото на телесните активности.Од таа причина, во текот на четирите „клучни“ денови, на почетокот од „диетата за рамен стомак“ (Flat Belly Diet) препорачливо е да се испие цела порција одредена со рецептот. Исто така, препорачливо е консумирање на овошје и зеленчук кои содржат голема количина вода. Правилната хидратација на телото, помага да се одржи нивото на течностите во телото и спречува запек и надуеност.Мора да имате на ум дека самата церемонија на приготвување на саси-вода и нејзиното сервирање е потсетник дека наскоро работите ќе тргнат кон подобро и дека ќе можете да се фокусирате на зацртаната цел: рамен стомак еднаш засекогаш!Состојки: 

– 8 чаши вода
– 1 мало лажиче изрендан корен од ѓумбир
– 1 свежа краставица со средна големина, излупена и исечена на тенки парчиња
– 1 лимон со средна големина исечен на тенки кругови
– 12 ливчиња зелено нане

Приготвување:

– Сите состојки помешајте ги во бокал.
– Ставете го во фрижидер да стои цела ноќ.
– Исцедете ги и испијте ги во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top