| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот човек на пензионерите од Кочани со кривична за злоупотреба на службата

Полициската станица во Кочани поднесе кривична пријава против Г.С.(79) поради злоупотреба на службена положба и овластување. 

Пријавениот во својство на одговорно лице, претседател на Здружение на пензионери на Општина Кочани–Кочани, со неизвршување на своите должности и овластувања не постапил во согласност со одредбите од Статутот на Здружението, односно со непреземање должни дејства,кои морал да ги преземе во однос на издадените деловни простории под закуп, сопственост на Здружението.

Имено, Г.С. во декември 2011 година склучил два договора за закуп на две деловни простории, сопственост на Здружението, со закупецот „Плоштад – Кај Столе“ Кочани за месечни закупнини од 520 и 200 евра во денарска противредност. Закупецот подолг временски период не ја плаќал закупнината, односно за период од ноември 2012 година до јули 2014 година (вкупно 21 месец) и покрај уредно доставуваните фактури за наплата на закупнината од страна на  Здружението.

На овој начин пријавениот со неизвршување на својата службена должност му овозможил на закупецот да ги користи деловните простории без плаќање закупнина, односно не повел постапка за наплата на побарувањата како и постапка за раскинување на Договорите за закуп на деловните простории поради неплаќање на закупнина повеќе од три месеци. На овој начин му овозможил на деловниот субјект „Плоштад-Кај Столе“ Кочани да се здобие со противправна имотна корист во вкупен износ од 872.070 денари , со што го оштетил „Здружение на пензионери “ Кочани за наведениот износ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top