| четврток, 6 декември 2018 |

Британија е за мерките за доверба меѓу Атина и Скопје, сѐ додека не влијаат врз разговорите за името

mk-grcija

Слушаме со голем интерес дека новата грчка влада е заинтересирана за промовирање мерки за градење доверба со Македонија и Турција, изјави британскиот амбасадор во Атина, Џон Китмер, во интервју за „Катимерини“.

Тој додаде дека е „многу позитивно“ тоа што министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Коѕиас и Попоски, разговарале за усвојување на мерките за градење доверба, „сѐ додека тоа не предизвика одложување на расправата за суштината, а тоа е името“.

– Грчката влада вели дека Грција е стабилна земја во нестабилен регион. Сепак, сѐ уште има билатерални проблеми со соседот, истакна Китмер.

Според британскиот амбасадор, прашањето е што сака Грција да направи со отворените билатерални прашања, чиешто решавање ќе ѝ помогне на Атина да „прерасне во оаза на стабилноста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top