| четврток, 6 декември 2018 |

Стопроцентно обештетување по поплавите

poplavi pelagonija 3Сите погодени од поплавите во јануари и февруари годинава ќе бидат 100 процентно обештетени, најави премиерот Никола Груевски на народниот собир што денеска се одржува во Штип.

Македонија била повремено, тука и таму поплавувана, рече премиерот, но вакви обемни поплави многу одамна не не погодиле.

– Овој регион особено делот на Чешиново-Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога се уште не беа завршени проценките, најавив декаа обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, владата ќе извши целосно, 100 остотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката, истакна премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top