| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Патот кој го одбрале неодговорните водачи на СДСМ ќе ги одведе во заборав

pesevskiСе собравме заедно да упатиме јасна и гласна порака на сите оние кои сакаат да ја видат Македонија на колена, да го видат народот понижен и исплашен и да не видат без јасна визија и прогрес. Денес се собравме на сите да им кажеме дека тоа нема да се случи.

Ова денеска го истакна вицепремиерот на Република Македонија, Владимир Пешевски, пред масовната толпа на граѓанскиот собир во Штип.

-Сакам од собиров да упатам јасна порака, особено до неодговорните водачи на СДСМ дека патот кој одбрале да одат ниту нив ниту Македонија не ја водат напред и тоа ќе ги однесе во заборав. Со последните бомби свесно ги нарушија односите на Македонија со Кина, која се покажа како стратешки важем и доверлив партнер за Македонија. Неодговорната и неконтролираната желба да се приграбат до власт се чини нема крај, а тоа Македонија може многу да ја чини. Што значи да се сака земјата и да се работи во нејзин интерес? Треба да покажеме што значи да се сака сопствениот народ. Денес треба да говорам за минатото, кога претците го дале животот за да го имаме ова денес, за она што секој од нас е спремен да нрапви за нашата иднина децата, истакна Пешевски.

Како што истакна тој, ВМРО-ДПМНЕ во минатите 8 години покажа и што знае и што може и што направи за Македонија.

-Завршивме и почнавме со реализација на многу проекти повеќе од која било политичка гартнитура, афалтиравме улици и патишта, 3 нови автопати, железнички правци, водоводи и канализациски системи, субвенции за земјоделците, зголемување на плати, пензии, социјална помош, обновивме болници со врвна медицинска опрема, нови училишта, компјутери и стипендии. Донесовме инвестиции од странство, но се отворија и нови фабрики од домашни инвеститори, над 130.000 нови работни места, изјави тој.

Пешевски потенцираше дека секаде е направено нешто да му се помогне на народот, подвлекувајќи дека тоа е патриотизмот кој треба да продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top