Шефот на изборниот штаб на партијата Обединети демократски сили на Ромите го извлекол најдебелиот крај во инцидентот кога вчера на десет минути пред полноќ бил нападнат со уште двајца негови сопартиици на улицата Македонско-косовска бригада во населбата Шуто Оризари, тврди Шабан Салиу, претседател на оваа партија.
Тој тврди дека претникот Амди Бајрам го нарачал нападот.
– Тврдиме дека е ова дело и сценарио по нарачка на пратеникот Амди Бајрам. Во овој момент не се работи за гафови, туку за вандалски чин. Нанесени му се тешки телесни повреди на нашиот шеф на изборниот штаб. Спроведување ваква демократија со бејзбол палки од страна на Амди Бајрам и неговиот син, Елвис Бајрам, кој е кандидат за градоначалник во општина Шуто Оризари претставува судир со сите морални норми, со кодексот на едно човечко однесување и е надвор од сите правила – рече Шабан Салиу од Обединети демократски сили на Ромите.
Според полицијата, непознати лица со возило „голф“ ги пресретнале членовите на Обединети демократски сили на Ромите и почнале да ги тепаат со тупаници и метални прачки. На шефот на изборниот штаб му ја искршиле раката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.