Премиерот Никола Груевски одговори на обвинувањата од страна на опозицијата, за наводни огромни провизии кои биле договарани за изградба на автопатиштата во земјава.
–Пред некое време овој од опозицијата се обиде да направи конструкција и класична манипулација поврзана со изградбата на автопатите и нашите напори да издејствуваме пониски цени и најповолни услови за државата да ги прикаже како нешто друго, со цел да не компромитира, што е лага и долна конструкција. Претходно, со креирани разговори, и ставње на нивни креиран контекст на сето тоа, се обиде да внесе сомнеж дека сум купуваал земја, имот кој не сум го пријвил, што веќе јавно го демантирав – рече Груевски во Штип.
Тој испрати порака да опозицијата:
Од тука сакам да му порачам, џабе пробуваш да не оттргнеш од проектите и делата кои ги градиме за Македонија и нашиот народ, не само што се градат во исто време три автопати како никогаш до сега, туку ќе се гради и нов четвртити автопат Гостивар – Кичево, затоа што тоа е иднината на нашата држава. Голема инфраструктурна мрежа, патишта, автопати, водоводи и канализации, нови училишта и болници, тоа го правиме и ќе го правиме и тоа нема да запре.
Тој смета дека сето ова е само поради тоа што на опозицијата и пречи што оваа Влада оди напред, се гради.
–Знеме ние дека тоа е целта, дека меѓудругото и тоа ги боли, зошто одиме напред, зошто земјата се гради, зошто фабрики почнаа да се градат, тоа им пречи. Некој очигледно не сака Македонија да оди напред и што измислил, да го искористи човекот и луѓето околу тој човек кој многу лесно може да им помогне – рече Груевски и додаде:
–Ние нема тоа да го дозволиме, проектите ќе продолжат, има се поголем број инвеститори кои сакаат да инвестираат, набргу ќе соопштиме уште, тоа значи нови работни места, тоа значи помош за македонската економија, ангажман на домашни компании, директна помош за македонските семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст