Ги гледам се мачат. Се мачат од петни жили да одработат, да наштетат, да исконструираат нешто. И се нешто се закануваат, се силат, се удираат во гради. Колку тоа срамно изгледа, рече премиерот Никола Груевски денеска во Штип.
– Па токму таквото нивно однесување покажува многу јасно дека тие се крајно исплашени, дека се конфузни, дека се во хаос, затоа што сфаќаат дека ова не им проаѓа, и покрај сето нивно силење, и покрај агресијата што ја демонстрираат, тоа се само ситни души кои тргнаа против сопствениот народ и сопствената држва и ништо повеќе од тоа. Тие знаат дека се прочитани. Но мораат да се храбрат, па така ги слушаме најавуваат се и сешто, па долго ќе траело, па ќе држеле собири низ градови и ќе настапувле порадикално, ова Заев се силел пред неговите неодамна, па којзнае што ќе објавеле и ние демек од тоа треба да се уплашиме и да прифатиме дека со сечените, монтираните и креирани телефонски разговори, ние треба да се повлечеме и на соработникот на странските служби, без избори и народна воља да му ја дадеме државата да ја раководел и да ги решавал големите прашња, а на странската служба да и го направиме меракот и да и ја реализираме целта. Ние знаеме што правите и за кого и за чии интереси работите! Народот не ви се плаши, народот ве прочита и ова не ви поминува! Македонија знае да ја препознае разликата и да види што правите, порача Груевски од народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии