Премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип потсети на посветеноста на оваа влада за создавање подобри услови за пензионерите.
-Посебен однос имаме и кон пензионерите, и за нив реализираме голем број на проекти. Од овој регион, досега 3900 пензионери досега го искористија правото за бесплатна бањско-климатска рекреација, од кои 1110 се пензионерите од Штип. Оваа година уште 650 пензионери, од кои 190 се од Штип ќе одат на бесплатна бања, а 360 пензионери од регионот од кои 100 од Штип веќе се вклучени и во проектот кој го стартувавме оваа година за бесплатен туристички викенд за пензионерите – рече Груевски.
Тој се осврна и на проектот за отпис на долгови, со кој, досега, на 660 семејства од штипскиот регион им се изработени решенија во вредност од околу 1 милион евра, а во идниот период и останати семејства кои ги исполнуваат условите ќе ги добијат решенијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст