–Денеска сакам и да објавам една сосема нова инвестиција. Со дозвола на Компнијата со која работеше Џери Наумоф, денеска можам да објавам дека Компанијата КОНДЕВО од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери не информираше дека донесе одлука за инвестирање во технолошко индустриската развојна зона во Штип – посочи премиерот Никола Груевски на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Тој нагласи дека инвестиција е со вкупна вредност од над 40 милиони евра и минимум 250 нови вработувања, во период од пет години.
–Компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар. Потпишувањето на договорот е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци. Уште една добра вест за Штип и за целиот регион! – рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст