Како Струмица изгуби фабрика која носи 300 вработувања и инвестира 6 милиони евра? Премиерот Никола Груевски ја раскажа, како што вели анегдотата, како Струмица ја изгуби холандската компанија Антура. Тој денеска во Штип потсети на инвестицијата со која досега се вработија 100 лица а во наредниот период ќе се зголеми бројот на вработени за уште 200 нови вработувања.
–Оваа инвестицијата е резултат на добрата соработка со странските инвеститори и компанијата. Тие веќе ме поканија на официјалното нејзино отворање на 6 мај. И кога сме веќе кај Антура, да кажам и една анегдота што ни се случи. Кога ја донесовме Антура во Македонија, покрај во Кочани, со обзир на земјоделската дејност поврзанаа со производство на семе за цвеќиња, ја однесовме и во Струмица. Имајќи ги во обзир климтските услови таму, но и фактот што се трудиме и таму да се отворат нови работни места, им ја преставивме Струмица најдобро што знаме и умееме. И нели потоа треба да ги поврзиме со градоначалникот бидејки освен добредојде треба да им влее сигурност дека ќе имаат сериозен и кредибилен градоначалник, и да им најде земја, локација за фабриката и да им ја продаде за веднаш да почнат да градат фабрика. И на прв поглед се беше во ред а сите ние среќни и задоволни. Градоначалникот срдечно ги пречекал, и им ветил се што прашале. Најважно им беше да има спремна локација со маркица за фабрика, за веднаш да почнат со градба бидејки имаа многу нарачки. Добија ветувње и веднаш беа однесени на локацијата, а потоа градоначалникот по некој ден ги повика сите локални медиуми за да им каже дека тој лично донел инвеститор од Холандија во Струмица кој ќе гради фабрика и ќе вработи 300 луѓе токму на таа локација каде дојдоа новинарите поканети од него. Луѓето кои долго работеа на убедување на инвеститорот беа изненадени како тоа одденаш нивниот труд Заев целосно си го препиша на себе, дел од нив реагираа и јавно,но тој остана на тоа цврсто дека тој лично го пронашол и убедил инвеститорот. И доброоо. Баталивме да се расправаме јавно, викаме важно е дека дојде инвеститорот и ќе има врааботувања – рече Груевски.
Потоа тој зборуваше како Заев на Холанганите им продал локација за градење катна гаража и зелен пазар.
–По некој месец, инвеститорот ја купи локацијата, и тогаш се соочија со карактерните особини на градоначалникот. Иако им ветил локација со маркица за градење фабрика, бидејки веројатно немал таква спремна во моментот, без да ги информира, им продал локација за градење на катна гаража и зелен пазар. Кога дознале, неверувајќи што ги снашло, инвеститорите побарале објснување од него, а добиле одговор ич да не се секираат, кај да е за 6-7 месеци ќе го смени планот и потоа ќе може да почнат градба. Кога виделе со кого си имаат работа, кога се пресметале колку ќе ги чинат тие 6-7 месеци чекање, кога веројатно им текнало дека ако еднаш ги излажал, може пак да им се случи, рикверц, и директно кај Ратко градоначалникот на Кочани, кој како и претходно ги дочекал подготвен со се што им треба, како и секој сериозен градоначалник. Е затоа денес во Кочани се вработуваат невработени, а во Струмица на таа локација сѐ уште има само обична празна земја без фабрика – посочи Груевски и додаде:
Тоа е, кој за што учел. Со лаги и интриги, не се привлекуваат инвеститори, туку со работаа, труд и чесен и искрен однос. Жлам само за многу неврааботени од Струмица за кои оваа ќе беше шана и препород .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст