– Што значи да се бориш за Македонија! – ова е реченицата со која ВМРО-ДПМНЕ го започна својот караван. Веќе трета недела, после Скопје и Битола, партијата се сретнува со народот. Денеска владејачката партија е вo Штиш.
Лидерот на партијата и премиер на Македонија, Никола Груевски, потсети дека пред две недели во Скопје најавивиле 6 нови фабрики кои ќе отворат околу 4500 нови работни места. Потсети и на трите фабрики кои ги најави минатиот викенд во Битола со околу 750 работни места.
-Тука ги вбројувам само оние кои за прв пат се најавуваат, а не и оние кои веќе се објавени и се подготвуваат за градба, или се градат, како што е на пример Техникал Текстаил овде во Штип, која ја најавивме и за некој месец ќе почне со работа и постепено ќе почне да ги вработува планираните најмалку 600 вработувања. И Вие знаете дека ние кога ќе ветиме, потоа нема калкулаации или бегање од ветеното, ветеното се реализира, често и многу побрзо од што очекувате. Знам дека малкумина студенти очекуваа на 15ти март да ја објавам мерката за купување на таблети со тастатури за оние кои за прв пат запишале трета или четврта година, а нивните родители имаат пониски примања од просечната плата во Македонија, малкумина од нив очекуваа дека по два дена законот ќе помине на владина седница а по една недела во парламентот. Сега веќе зпочна со реализација на овој проект, со тоа што од завчера веќе студентите имаат рок да ги поднесат апликациите. Знам и тоа дека не многу луѓе веруваа дека ветеното зголемуваање на социјалните помошти пред две недели, со план за почеток од јуни годинава, наместто за предвидените 5 осто, да биде за 10 осто, нема толку брзо да се подготви и најде на владина седница веќе задутре во вторник, а веќе во среда во парламентот – рече Груевски.
Тој потсети на, како што вели, можеби најважната мерка, оној пакет, палета на мерки за вработувањето, кое минатиот викенд го објави во Битола, со кое за сите возрасни групи, но и посебно за ранливите категории граѓани се обезбедуваат специјални поволности за да потикнат нови врботуваања.
– На реализацијата на овој мега пакет за отворање на нови работни места, во Владата се работи турбо, и за кусо време ќе бидат завшени и пратени во парламентот. Овој мега проект ќе поттикне можеби 20 илјди, а можеби и 25 илјади нови вработувања во Македонија во наредните година дена одкако ќе стапи на сила, а доказ за тоа ни е што само еден мал сегмент од овој вид кој го практикуваме веќе 11 месеци, веќе вработи 7400 неврботени млади до 29 години. Изненадувањето беше огромно и со позитивната бомба за вработување на волонтерите, договорците на дело, вработените на определено време и слични категории, со специјален закон кој експресно брзо се донесе и се спроведува, а со кој на над 3000 луѓе им се обезбеди работно место во јавиот сектор – рече Груевски.
Тој потсети дека пред неколку дена извршииле ново намалување на цените на 542 лекови. Намалените цени на лековите ќе важат од вторник следната недела, задутре.
-Со оваа системска реформа во здравството која во континуитет ја спроведуваме со досегаашните 6 намалувања на цените на лековите опфативме околу 4000 илјадилекови, а остварената заштеда за пациентите е над 36 милиони евра. Сега, само со ова најново седмо намлување на цените на лековите заштедата ќе е уште дополнителни 1,6 милиони евра. Во болниците набавивме толку многу нови апарати и опрема во здравството, што министерот за здравство Тодоров, неможе да постигне да ги промовира сите – додаде тој.
Груевски ги посочи и земјоделците чии поседи годинава беа поплавени. Земјоделците претрпеа огромни штети.
-Македонија била повремено тука и таму поплавувана, но вакви обемни поплави многу одамна не не погодиле. Овој регион особено делот на Чешиново Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога сѐ уште не беа завршени проценките, најавив дека обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, владата ќе извши целосно, 100 остотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката.Значи колку што проценителите ќе проценат и утврдат дека имало штета, толку ќе им биде исплатено на луѓето – рече премиерот и лидер на владејачката партија.
Тој додаде:
Е тоа е ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.Така работи оваа влада, и затоа никој во овие 8 и пол години неуспеа да ја сруши или победи, па мора да се обиде со други методи, со креирани, сечени, лепени, монирани телефонски разговори, со кои треба да се убие вербата кај народот во оваа политичкаа гаарнитура, и земјата да се врати во времето на СДСМ, време кое ќе го паметиме по отпуштања на 200 илјаади луѓе од работа, разграбување на државниот капитал вреден 5 милјарди евра преку приватизацијата, пирамидалните штедилници, шверцот итн, но време кое не можеме никако да го паметиме по нови фабрики и работни места, инвестиции, градби, или пак зголмувања на пензии, социјални помошти или плати на јавниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст