Духот кој ја прогонува Мансура Мухамед во кошмарите е една стара жена облечена во црно.
Овие кошмари првпат и се појавиле едно лето во доцните 80-ти, во селото Сефлак во Египет. Летото е сезона за сечење на гениталиите кај жените во Египет. Традицијата вели дека кога урмите на палмите ќе станат црвени, дошло време. Мухамед, која тогаш имала само седум години и нејзините три братучетки сите биле под нож истиот ден. Мајка и сакала таа прва да биде, за да покаже колку е посветено семејството на традицијата. Секачот била стара жена „даја“ или традиционална бабица, а таа врескала и ја тепале додека четири жени ја држеле на кутната земјата во домот на нејзиниот татко додека мајка и чекала надвор. Се сеќава само дека имало многу крпи и многу крв.
Денес Мухамед има 33 години. Таа се уште живее во Сефлак со нејзиниот сопруг Рагаб и со 14-годишната ќерка Гада. Во сон редовно ја посетува духот на жената која ја сечела како дете. Рагаб и Мансура решиле да ја поштедат Гада од осакатување и вадење на половите органи од немедицински причини. Ова е одлука која денес е невообичаена, но станува се поприсутна помеѓу младите семејства во Егупет.
Земјата има најголема стапка на обрежување кај жените во светот: 91 проценти од мажените жени се обрежани, стои во истражување од 2008 година за Демографијата и здравјето во Египет (последната година за кои постојат достапни податоци). Помеѓу помлади и повисоко образувани жени кои живеат во урбани места, како и кај оние кои никогаш не се омажиле, стапката опаѓа – но само на околу 81 проценти. Во Египет, како и во многу африкански земји на Блискиот исток и во Југоисточпна Азија, каде се изведуваат осакатувања, ова е културна традиција со корени многу векови наназад. Египет се издвојува заради своето огромно население: повеќе жени и девојки во Египет се осакатени – или 27,2 милиони, отколку било каде во светот. „Ако ја искорениме оваа пракса во Египет, ќе елиминираме повеќе од еден од четири случаи низ целиот свет“, вели Џејми Надал, претставник на Фондот за население во Обединетите нации (Унфпа) во Каиро.
Сега владата е на ред. Во 2007 година, египетското министерство за здравство издаде декрет со кој се забранува обрежувањето кај жените; следната година, парламентот ја прогласи оваа пракса за злосторство (крминал) и одреди минимална казна од три месеци и максимум две години затвор, покрај парична казна. Ова е само почеток, и постои надеж дека следното истражување за демографијата и здравјето, кое се очекува да биде објавено оваа пролет, ќе покаже стапка на пад на обрежувањата кај жените.
Чедност со скалпел
Низ светот, се проценува дека денес живеат околу 130 милиони жени и девојки кои минале низ обрежување, познато и како женско обрежување, а милиони се под ризик да бидат сечени, велат од Унфпа. Зависно од државата, оваа пракса може да биде од отсекување на дел до цел клиторис, па се до целосно отстранување на вагиналните усни и потоа нивно сошивање за преостанатото ткиво. Некои девојчиња се сечат уште додека се стари неколку недели, додека други морат да минат низ процес на пубертет.
Родителите на овие девојчиња често се водени од верувањето дека ќе обезбедат нивните ќерки да бидат „чисти“ и „чедни“. Во многу делови од светот, вклучувајќи и во Египет, луѓето веруваат дека осакатувањето ги намалува сексуалните страсти. Родителите мислат дека тоа ќе преведе преведе во чедност и ќе и даде на нивната ќерка добри манири за да се омажи. Проблемот е да се трансформира општата заблуда дека клиторисот е опасен корен за сексуална моќ во сфаќање дека тоа е орган кои девојчињата заслужуваат да го имаат, и да се убедат египќаните дека добра ќерка е резултат на добро одгледување од родителите – а не од осакатувањето.
Обрежувањето кај жените е присутно и во исламот и во христијанството. Во старата египетска традиција се применува фрлање на клиторисот завитка во ткиво во река и негово посветување на богот на Нил, вели Вивиен Фуад, портпарол во египетскот Совет за национална популација. Но се уште многу луѓе веруваат дека е ова пракса која потекнува од пораките во исламот. „Обрежувањето е културна пракса на која и е дадено религиозно оправдување“, вели Ротна Бегум, истражувач за Блискиот исток и северна Африка во одделот за женски права во Хјуман рајтс воч. Бегум вели дека луѓето полека почнуваат да сфаќаат дека осакатувањето не е барање во исламот, и тоа може да ја продобри ситуацијата. Таа вели дека токму затоа „со цел да биде сопрено, за тоа треба да вклучите религиозни службеи лица да го кажат тоа“.
Бранителите се обидуваат да ги вклучат религиозните лидери да ја шират пораката. Имамите, бискупите и свештениците одат на работилници кај невладини организации и зборуваат со своите конгрегации дека не постои религиозна основа за обрежувањето кај жените. Во Меѓународниот исламски центар за истражување на популацијата, кој е дел од каирскиот универзитет Ал Азар, започната е тренинг програма за муслиманските верски лидери кои како дел од нивната неделна петочна молитва ќе проповедаат за опасностите од осакатувањата.
Здравствените работници се следната цел: 72 проценти од египетските девојчиња кои биле обрежани биле сечени од лекари или други професионални здравствени работници. Во светот, едно од секое петто девојче кое е подложено на осакатување, ќе биде сечено од лекар, велат од Унфпа. Укажувањето со години за компликациите по здравјето од обрежување ги тера родителите да се обратат кај здравствени професионалци, вели д-р Калед ал Отеифи, главен координатор за програмата за обрежување кај жените во египетското министерство за здравство, но неодамнешните пробни обрежувања од лекари покажале дека оваа процедура може да биде фатална без разлика кој ја изведува.
Во јуни 2013 година, 13-годишното девојче Сохар ал Батеа, денес се знае дека починала алергиска реакција на пеницилин за време на обрежување во приватна клиника североисточно од Каиро. Египетските медиуми извесија дека ал Батеа починала од нагол пад на крвниот притисок, како резултат од анестезијата која и ја дал лекарот Раслан Фадл. Фадл самит се пријавил и тврдел дека ја изведувал процедурата по барање на семејството ал Батеа, и дека немало лекарска грешка. Во јануари 2015, по една и пола година судски процес, апелацискиот суд во Мансура ги осудило и Фадл и таткто ал Батеа за нелегално изведување на обрежување. Тоа беше првиот воопшто случај на судење за женско обрежување во Египет.
Тешко е да се дознае точниот број на девојчиња кои како ал Батеа починуваат секоја година од осакатување. Женското обрежување често се изведува затскриено зад други медицински процедури, па затоа е сосема неможно да се добие точна бројка – кога девојче ќе почине од процедура на осакатување, скоро секогаш се фрла вината на други случаи.
За лекарите, посебно оние кои работат во рурални области, постои силна финансиска мотивација да прават обрежувања, и покрај неговото прогласување за криминално во 2008 година. Лекарите можат да добијат до 26 долари за една процедура, што е десет пати повеќе од 2,60 долари кои ги наплаќаат за редовна лекарска посета (иако значително многу помалку што можат да заработат за други специјалистички процедури – ласик очна операција, на пример, чини околу 655 долари). Бранителите велат дека последнава година лекарите почнале да прават вечерни посети во селата и често под маската на обрежување на момчиња. „Ниту еден лекар нема да оди да обрежува девојче во три наутро, одвен ако не знае дека станува збор за нешто нелегално“, вели Мона Амин, национален проект координатор за забрана на осакатувањата и за прогамата за зајакнување на семејствата во египетскиот Совет за национална популација.
Не постои обука за обрежување во медицинските училишта во земјата, иако Унфпа развиле наставна програам за акушери и гинеколози која треба да ја одобри египетското министерство за здравство пред да биде воведено во образованието. Се дотогаш, министерството води програма да ги учи лекарите она што не го учат во школо: дека секој дел од гениталиите е функционален дел од женското тело, и дека со изведувањето на вакви операции тие ги прекршуваат човековите права и медицинската етика. Тие исто ги обучуваат лекарите како најдобро да им се објасни на родителите кои ги носат своите ќерки на обрежување, и дека постојат опасни физички и психички последици.
Најсуровиот засек
Аватеф Мохамед Али размислува да дозволи обрежување на нејзината десетгодишна ќерка Шад. Неодамна се нашле заедно во светла пурпурна соба во селото Бани Зеид ел Скрад, недалеку од Асиут во северен Египет. Шад седела ококорена и преплашена до мајка и воопшто не обрнувала внимание на постерите со птицата Твити и други со цртани ликови на ѕидовите. Али, која одела на работилници против осакатувања, вели дека нејзината ќерка ќе биде обрежана следното лето, но семејството мора прво да се консултира со лекар кој ќе реши дали и е тоа потребно на Шад. Ако лекарот рече дека ќе и наштети, тогаш тие нема да го сторат, вели таа. Али, која била обрежана, „не сака да сопре со оваа традиција“ за обрежување, а нејзиниот сопруг е цврсто решен неговата ќерка да биде сечена.
Бранителите на забраната за обрежување на жените во Египет се надеваат дека оваа пракса ќе ги одврати луѓето кога ќе почнат да размислуваат за обрежувањето како злосторство, наместо како традиција – и ќе почнат поотворено да разговараат за траумите поврзани со оваа пракса. На многу места се држат работлиниици за да се образува заедницата за медицинските и психолошките опасности од обрежувањето. На пример, во Исламскиот општествен центар, нво во Сефлак, жените разменуваат лични приказни за траумите од детсвото во соба која нема прозорци. Алем Абдел ел Самен се сеќава на „црниот ден, многу лошиот ден“ кога била сечена на десет годишна возраст. Мери Лабиб Свеифи била стара една недела кога и направиле обрежување, па не се сеќава на тоа. Марам Наем Мосад, христијанка која носи бисерни обетки и има долга црвена коса и сина кожна јакна, имала девет години кога ја сечеле; четири жени ја држеле легната на подот. Мосад, која била на 11-годишна возраст се сеќава како мајка и постојано и ги менувала крвавите чаршафи. Но таа вели дека семејната традиција на обрежување со неа сопрела. „Да имам и 100 ќерки, нема тоа да им го сторам“, вели таа.
На ѕидовите во центарот има цртеж на жена која лежи на операциска маса и детски нацртан скалпел и крв. На масата има бел шал во кој има завиткан розев цвет и ножички служат како постојан потсетник за оваа пракса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст