| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска петарда за Норвешка

Хрватска ја декласираше Норвешка со 5-1 и направи сигурен чекор кон пласман на Европското првенство во Франција следната година.

Хрватите поведоа со голот на Брозовиќ по половина час игра и заминаа на одмор на полувремето со предност од 1-0. Вистинска голеада селедеш во вториот дел, а во листата на стрелците кај „коцкестите“ се запишаа и Перишиќ, Олиќ, Шилденфелд и Прањиќ. Почесниот гол за гостите од Норвешка го постигна Тетеј, а Елјонуси промаши пенал.

Hrvatska Meksiko 01 (Custom)

Хрватска е на првата позиција во Х групата со 13 бода од 5 меча, пред Италија со 10 од четири меча. Норвешка е на третата позиција со 9 бода, пред Бугарија, Азербејџан и Малта.

Изненадување денеска направи Летонија со реми на гости против Чешка, а сигурни победи забележаа Велс со Израел, Исланд против Казахстан и Азербејџан со Малта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top