Европската унија сака да се спротивстави на растечкото медиумско влијание на Русија, но не е баш сигурна како тоа да го направи, а исходот е крајно неизвесен. Овие денови во некои од безбројните канцеларии во седиштето на ЕК во Брисел, група од петнаесетина чиновници и медиумски експерти почнаа да планираат офанзива, дознава Танјуг.
Во војната која се подготвува нема да се користат бомбардери, дури ни пешадија, туку медиуми и информации, а противникот е познат: тоа се телевизијата Русија Денес (РТ) и агенцијата Спутник кои во Брисел се сметаат за важен елемент на хибридната војна која Русија ја води со Западот.
Поради тоа Могерини формирала експертски тим кој во строга тајност осмислува стратегија која официјално ќе биде претставена на членките на бриселскиот самит во јуни. За сега не се знае кои се членови на тимот, освен дека е составен од неколку експерти кои веќе работат во Комисијата со група експерти за политички маркетинг кои се ангажирани хонорарно.
Врз основа на документите за задачите во врска со проектот, до кој дошла агенцијата Ројтерс, неопходно е да се најде начин по пат на проверка и факти да се исправат дезинформациите кои се пласираат од страна на руските медиуми како и низ клучни пораки, текстови, коментари и графикони на јазици на земјите членки и на руски да ја промовираат ЕУ.
Иако целите се јасни, постојат многу недоумици околу методите.
За нас ова е непознат терен, рекол за Танјуг еден европски дипломат, правдајќи се дека за демократското општество е страно прашањето во врска со мешањето во работата на медиумите и манипулирање со информации. За сега, на пример се уште трае полемиката околу тоа дали на Русија треба да и се контрира со создавање нови медиуми, со проектно финансирање на веќе постоечките или со комбинација на двете стратегии.
Балтичките членки на ЕУ кои се чувствуваат посебно изложени на влијание на Москва планираат формирање на заеднички телевизиски канал на руски јазик свесни дека нивната бројност на граѓани од руската националност попрво би вклучила РТ отколку државниот канал на летонски, литвански или естонски.
Истовремено, украинските власти сооштиле дека ќе основаат телевизија Украина утре, по угледот на РТ, само со обратен предзнак, за да ја емитуваат својата верзија на вистината на територијата под контрола на проруски сепратисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.