Поранешната гувернерка на Аљаска Сара Пејлин побара на регрутираните терористи од САД да им се одзема државјанството.
Таа на социјалните мрежи напиша дека треба да се променат некои правила кои се однесуваат на регрутите.
– Неверојатно звучи личностите кои се приклучуваат на ИСИС и на Ал Каеда или на било која друга терористичка организација да не го изгубат своето државјанство. Тоа мора да се промени, наведува Пејлин.
Таа исто така навела каква опасност претставува радикалниот ислам и какво влијание врз луѓето ширум светот имаат објавените снимки на ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.