Сомалиската полиција воспостави контрола над хотелот „Мака Мукарамах“ во Могадишу, кој беше под 12-часовна опсада на исламистичките борци. Во борбите убиени се 17 и повредени над 20 луѓе.
Одговорноста за нападот врз хотелот ја презеде Ал Шабаб, група поврзана со Ал Каеда.
Хотелот „Мака Мукарамах“ е посетуван од високи сомалиски претставници и од странци.
– Меѓу убиените е и амбасадорот на Сомалија во Швајцарија, војници, цивили и членови на обезбедувањето на хотелот – изјави висок полициски претставник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.