Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, попладнево преку заедничко соопштение потврдија дека в понеделник во Брисел ќе се одржи првата директна средба на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за надминување на политичката криза во Македонија со посредство на Европскиот парламент. Тројцата европратеници во соопштението информираат дека тие на 30 март, ќе го олеснуваат дијалогот меѓу македонските политички партии во просториите на Европскиот парламент, со потенцирање дека средбата ќе се одвива зад затворени врати. Во соопштението не се наведуваат повеќе детали за средбата, како што е евентулано учество на претставници на комесаријатот за преговори за проширување со кој раководи Јоханес Хан или на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.
Алфа од неофицијални извори доби потврда дека позициите на ВМРО- ДПМНЕ на средбата ќе ги застапува актуелниот министер за надворешни работи и член на извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, додека од СДСМ ни потврдија дека во Брисел ќе ги застапува заменик-претседателот на партијата Радмила Шеќеринска. Попоски и Шеќеринска во Брисел не патуваат сами, тие ќе бидат придружувани од свои сопартијци.
Како набљудувачи на дијалог се очекува да присуствуваат и претставник на Генералниот директорат за проширување и соседска политика и од кабинетот на еврокомесарот Хан. Притоа се споменуваат имињата на Дејвид Кулен, одговорен за земјава во Генералниот директора за проширување и Катарина Грау, одговорна за Македонија во кабинетот на Хан. Инаку токму еврокомесарот беше иницијаторот за отпочнување на директен дијалог меѓу двете партии за надминување на кризата со медијаторство на европратеници.
Европските олеснувачи во дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доаѓаат од парламентарните групи на кои двете партии идеолошки им припаѓаат. Словакот Едуард Кукан е од редовите на Европските народни партии, Британецот Ричард Ховит, кој е и поранешен известувач за Македонија доаѓа од редовите на Алијансата на Социјалисти и демократи во Европскиот парламент, додека Словенецот Иво Вајгл, од редовите на либерал-демократите и е актуелен известувач за Македонија во Европскиот Парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст