Детска игра за малку ќе завршела трагично. 19 месечно дете од Куманово додека си играло со венчето на поголемата сестра ставило во уста едно од од бисерчињата. Во меѓувреме додека мајката била во тоалет, сестричката се обидела да го извади, но малото девојче почнало да плаче и го вдишало бисерот кој се спуштил во белите дробови. Како итен случај било примено на Клиниката за уво нос и грло.
Девојчето на едно и пол годишна возраст било донесено во многу тешка состојба. Виталните органи почнале да откажуваат. Дишело само со помош на апарати.
-Кислородната сатурација која што вообичаено се движи од 98-100 кај детето беше 35, што за нас анестезиолозите е многу алармантна состојба, а тоа се ценеше и по општата состојба на детето, изјави д-р Аница Алексовска, спец. Анестезиолог-реаниматор.
Вистинска драма да се спаси детскиот живот се одвивала во операционата сала за ендоскопска хирургија. Лекарите некоку пати го реанимирале.
-Го примивме буквално пред смрт, успеавме да го отстраниме туѓото тело и да го вратиме во живот. Пациентот сега е во стабилна состојба, изјави д-ρ Гоρан Мицевсκи шеф на опеρативниот блоκ на Клиниκата за уво, нос и грло.
Среќниот крај на приказната бил поздравен со аплауз. Најсреќна била мајката.
-Благодарност за целиот тим од клиниката, а посебно за д-р Мицевски и д-р Аница што ми го спасија детето, изјави мајката на детето.
Повеќе на Здравство24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст