Триесет и осумгодишен маж А.Г. од Македонски Брод го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10.30 ч. на 3-от километар на регионалниот пат Македонски Брод –Кичево, кај местото викано Глана, објави Утрински.
Според СВР Битола, А.Г. кој што управувал со патничко моторно возило „Цитроен“, во кобниот миг, изгубил контрола врз возилото, кое што излетало од патот, удрило во дрво, а потоа е исфрлено во реката.
„Смртта настапила во моментот на несреќата. Поради непристапноста на теренот, телото на А.Г. е извлечено со помошна механизација, час по несреќата“, соопштија од СВР Битола.
Докторите од службата за итна медицинска помош, само констатирале смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст