| четврток, 6 декември 2018 |

Царство на непобедливите

По­бе­ди­те во се­ри­ја се­ко­гаш се во фо­ку­сот на вни­ма­ни­е­то во свет­ски­от спорт, за нив се рас­ка­жу­ва, се па­ме­тат, од нив се пра­ват бај­ки, а од спор­ти­сти­те ми­то­ви и ле­ген­ди. Од­брав­ме пет не­се­којд­нев­ни спорт­ски до­стре­ли во се­ри­ја на Ед­вин Мо­зес и на Уго Ча­вес, кои беа не­по­ра­зе­ни ед­на де­це­ни­ја и по­ве­ќе, по­тоа 13 ти­ту­ли по ред на На­вра­ти­ло­ва во иста го­ди­на, де­те­лин­ка­та со осум ли­ста на Бо­стон сел­тикс со Ред Оер­бах и ма­ке­дон­ска­та бај­ка на Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров ис­тка­е­на со ре­корд­ни 17 до­маш­ни кру­ни ед­но­по­дру­го

По­бе­ди­те во се­ри­ја се­ко­гаш се во фо­ку­сот на вни­ма­ни­е­то во свет­ски­от спорт, за нив се рас­ка­жу­ва, се па­ме­тат, од нив се пра­ват бај­ки, а од спор­ти­сти­те ми­то­ви и ле­ген­ди. Царс­тво на не­по­бед­ли­ви­те, на не­со­бор­ли­ви­те, на нај­из­држ­ли­ви­те, на спорт­ски­те ти­та­ни. Низ исто­ри­ја­та има­ло сто­ти­ци ре­кор­ди, им­пре­сив­ни и дол­ги ни­зи од три­ум­фи, клуп­ски и лич­ни ре­кор­ди што оста­ну­ва­ат за­пи­ша­ни во кни­ги­те со нај­до­бри спорт­ски ос­тва­ру­ва­ња. Во нај­до­бри­те ос­тва­ру­ва­ња што по­сто­ја­но се ран­ги­ра­ат спа­ѓа­ат ин­ди­ви­ду­ал­ни­те или тим­ски­те по­бе­ди, но и се­ри­и­те од осво­е­ни ти­ту­ли.

 

sport133-Edwin-Moses

Ед­вин Мо­зес без по­раз де­вет го­ди­ни, де­вет ме­се­ци и де­вет де­на

Аме­ри­кан­ска­та ат­лет­ска ле­ген­да Ед­вин Мо­зес е на вр­вот на веч­на­та ли­ста со нај­дол­га се­ри­ја ин­ди­ви­ду­ал­ни по­бе­ди на вр­вен спор­тист на свет­ска­та сце­на. Со 122 ус­пе­си ед­но­по­дру­го ат­ле­ти­ча­рот од Оха­јо ап­со­лут­но зас­лу­же­но е на вр­вот. Бла­го­да­ре­ние на не­го, ат­ле­ти­ка­та ја про­мо­ви­ра дис­цип­ли­на­та 400 ме­три со преч­ки ка­ко ед­на од нај­а­тра­ктив­ни­те, а под­ви­зи­те на Ед­вин сѐ уште се не­до­стиж­ни. Го­ле­ми­от Мо бе­ше не­по­ра­зен це­ла „де­се­то­ле­тка“, или со број­ки што изра­зу­ва­ат одре­де­на сим­бо­ли­ка, точ­но де­вет го­ди­ни, де­вет ме­се­ци и де­вет де­на. Во пер­и­о­дот од 1977 го­ди­на, по­точ­но од 26 август таа го­ди­на ко­га за­гу­би од Гер­ма­не­цот Ха­ралд Шмид, до по­ра­зот од Да­ни Хе­рис на 4 ју­ни 1987 го­ди­на, Мо­зес по­бе­ду­ва­ше во се­ри­ја на не­ве­ро­јат­ни 122 тр­ки. Го­ле­ми­от Ед­вин ни­же­ше ме­да­ли на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, а тај­на­та на ус­пе­хот е не­ве­ро­јат­на­та бр­зи­на, дол­ги­те но­зе и на­чи­нот на ис­хра­на. Ду­ри по­доц­на бе­ше откри­е­но де­ка Мо­зес е ве­ге­та­ри­ја­нец што, спо­ред ме­ди­цин­ски­от тим на Аме­ри­ка­не­цот, бил клуч на не­ве­ро­јат­на­та три­ум­фал­на ни­за на нај­до­бри­от ат­ле­ти­чар на си­те вре­ми­ња на па­те­ка­та од 400 ме­три со преч­ки.

 

sport133-julio-cesar-chavez

Аве Це­зар за ме­кси­кан­ска­та фу­ри­jа Цезар Ча­вес

Ху­лио Цезар Ча­вес е жи­ва ле­ген­да на бо­ксот, не­по­ра­зен шам­пи­он це­ли 13 го­ди­ни во ре­корд­ни 87 нат­пре­ва­ри по ред. И се­ри­ја­та не му бе­ше со­пре­на со по­бе­да на про­тив­ни­кот, ту­ку не­ко­гаш­ни­от ама­тер­ски свет­ски пр­вак Пер­нел Ви­та­кер изв­ле­че ре­ми во 1993 го­ди­на и го пре­ки­на им­по­зант­ни­от ре­пер­то­ар на по­бе­ди на та­ка­на­ре­че­ни­от Бо­ксер­ски Им­пе­ра­тор. Ме­кси­ка­не­цот па­тем по­ста­ви ду­зи­на ре­кор­ди кро­еј­ќи ја три­ум­фал­на­та ни­за што поч­на во 1980 го­ди­на. Ча­вес е шес­ткра­тен свет­ски пр­вак во три раз­лич­ни бо­ксер­ски ка­те­го­рии и во три вер­зии на про­фе­си­о­нал­ни бо­ксер­ски ор­га­ни­за­ции. Уго сѐ уште е сопс­тве­ник на ре­кор­дот за најм­но­гу ус­пеш­ни од­бран и на тро­нот, вкуп­но 27 па­ти не доз­во­ли друг да го пре­зе­ме вр­вот, има најм­но­гу по­бе­ди ко­га се ра­бо­те­ло за ме­че­ви за ти­ту­ла­та, точ­но 31 и, се­ка­ко, ја има нај­дол­га­та ни­за од 87 по­бе­ди во исто­ри­ја­та на бо­ксот, ком­би­ни­ра­на со нај­дол­га се­ри­ја без по­раз, ко­га се сме­та­ат го­ди­ни­те (бе­ше не­по­ра­зен 13 го­ди­ни). Тоа што поч­на на 4 март 1980 го­ди­на со по­бе­да­та над Ми­гел Ру­из со но­ка­ут, по­тоа се пре­тво­ри во ви­стин­ска спорт­ска бај­ка, ед­на од најз­на­чај­ни­те во исто­ри­ја­та на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те спор­то­ви. Уго ка­ко на филм­ска лен­та ги ре­де­ше поз­на­ти­те и не­поз­на­ти­те про­тив­ни­ци, тан­цу­ва­ше на рин­гот во раз­лич­ни те­жин­ски ка­те­го­рии и во еден пер­и­од го сме­таа за нај­до­бри­от бо­ксер на пла­не­та­та што мо­же да по­бе­ду­ва врв­ни бо­ксе­ри од ко­ја би­ло ка­те­го­ри­ја. Френ­ки Ран­дал по дол­га ни­за го­ди­ни го по­бе­ди шам­пи­о­нот во 1993 го­ди­на, го­ди­на, ко­ја и по­крај по­ра­зот, по­ми­на во зна­кот на Ча­вес. Исти­от пер­и­од Ме­кси­ка­не­цот бо­ксу­ва­ше пред не­ве­ро­јат­ни 132.000 гле­да­чи на ле­ген­дар­на­та „Ац­те­ка“, што е ре­кор­ден број по­се­ти­те­ли на еден бо­ксер­ски меч. Оче­ку­ва­но, Уго го по­бе­ди про­тив­ни­кот Грег Ха­у­ген на ра­дост на сто­ил­јад­на­та пуб­ли­ка.

Кон­вер­за­ци­ја­та ме­ѓу нив двај­ца и осо­бе­но про­во­ка­ци­и­те од Ха­у­ген беа ини­ци­јал­на ка­пис­ла за ма­са­кри­ра­ње­то што Аме­ри­ка­не­цот го до­жи­веа од Ча­вес. Грег се потс­ме­ва­ше со шам­пи­о­нот из­ја­ву­вај­ќи „Ча­вес бо­ксу­ва са­мо со та­кси­сти­те од Ти­ху­а­на и за­тоа тол­ку дол­го го за­др­жал тро­нот. Не ве­ру­вам де­ка си­ро­маш­ни­те Ме­кси­кан­ци мо­жат да ку­пат 130.000 би­ле­ти за да ја на­пол­нат ’Ац­те­ка‘“, про­во­ци­ра­ше Ха­у­ген. И во пет рун­ди до­би тол­ку ќо­тек што, ве­ро­јат­но, по­тоа за­жа­ли за си­те про­во­ка­ции на сме­тка на еден од нај­го­ле­ми­те бо­ксер­ски шам­пи­о­ни на си­те вре­ми­ња.

 

sport133-Martina-Navratilova-1

Три­на­е­се­тка­та среќ­на за Мар­ти­на На­вра­ти­ло­ва

Мар­ти­на На­вра­ти­ло­ва е нај­до­бра те­ни­сер­ка на си­те вре­ми­ња во не­кол­ку раз­лич­ни ка­те­го­рии и, си­гур­но, е ед­на од нај­до­бри­те во овој спорт на си­те вре­ми­ња. Ме­ѓу дру­го­то, се па­ме­ти и неј­зи­ни­от не­ве­ро­ја­тен низ од тур­нир­ски ус­пе­си во 1984 го­ди­на, ко­га без за­стој освои 13 тур­ни­ри. Со 74 по­бе­ди во се­ри­ја ле­ген­да­та од Пра­га, ро­де­на ка­ко Шу­бер­то­ва, по­доц­на мно­гу по­поз­на­та ка­ко На­вра­ти­ло­ва, не­ми­ло­срд­но ги дек­ла­си­ра­ше про­тив­нич­ки­те. Иста­та го­ди­на го шо­ки­ра све­тот, ка­ко ед­на од врв­ни­те спор­тис­тки што приз­на де­ка е би­ксе­ксу­ал­ка и ја по­твр­ди вр­ска­та со Џу­ди Нел­сон. При­ти­со­кот во при­ват­ни­от жи­вот по­ра­ди приз­на­ни­е­то Мар­ти­на го пре­то­чи во не­ве­ро­јат­на ни­за од спорт­ски ус­пе­си на те­ни­ски­те те­ре­ни. Во исти­от пер­и­од за­бе­ле­жи ду­ри 13 по­бе­ди ед­но­по­дру­го над го­ле­ма­та ри­вал­ка Крис Еверт, пре­зен­ти­рај­ќи ап­со­лут­на до­ми­на­ци­ја во бе­ли­от спорт. Неј­зи­ни­те 74 по­бе­ди во се­ри­ја и 13 ти­ту­ли ед­но­по­дру­го се убед­ли­во нај­до­бро­то те­ни­ско ос­тва­ру­ва­ње. По неа е Ште­фи Граф со 66 три­ум­фа, па по­втор­но На­вра­ти­ло­ва со 58, Мар­га­рет Корт со 57, Крис Еверт со 55 и по трет­пат На­вра­ти­ло­ва со 54, па ду­ри по­тоа на ред до­а­ѓа те­ни­сер, во ли­кот на ле­ген­дар­ни­от Бјорн Борг со се­ри­ја од 49 по­бе­ди во иста се­зо­на.

 

sport133-Boston-Celtics-bill-russell-red-auerbach

Де­те­лин­ка со осум ли­ста за Бо­стон со Ред Оер­бах

„Де­те­лин­ки­те“ од Бо­стон но­сеа сре­ќа со осум ти­ту­ли од 1959 го­ди­на до 1966 го­ди­на, пер­и­од на ап­со­лут­на до­ми­на­ци­ја на Кел­ти­те во НБА-ли­га­та. Ко­шар­кар­ска до­ба што сѐ уште е за­пи­ша­на ка­ко најз­на­чај­на до­ми­на­ци­ја на еден про­фе­си­о­на­лен тим во Аме­ри­ка. И за­пи­ша­на ка­ко ре­корд­на се­ри­ја со тро­феи во про­фе­си­о­нал­ни­те ли­ги пре­ку ба­ра­та.

Тво­рец на страш­ни­от по­ход на Бо­стон сел­тикс е ле­ген­дар­ни­от Ред Оер­бах, тре­нер што бе­ше пред вре­ме­то, што ги на­мет­на ме­на­џер­ски­те ве­шти­ни не са­мо на во­де­ње про­фе­си­о­на­лен клуб од клу­па­та и на те­ре­нот, ту­ку и над­вор од не­го. Клу­чен мо­мент бе­ше му­дри­от по­тег на Ред да ги „трам­па“ ол­стар-кри­ло­то Ед Ме­ко­ли и Клиф Ха­ган во Сент Лу­ис за пра­во да го из­бе­ре Бил Ра­сел на НБА-дра­фтот. Сѐ по­тоа се пре­тво­ри во ко­шар­кар­ски мит во ре­жи­ја на Оер­бах и на ле­тач­ки­те Кел­ти од Бо­стон. Во 1956 го­ди­на Ра­сел при­стиг­на во Бо­стон и во след­ни­те две де­це­нии се раз­ви во еден од нај­до­ми­нант­ни­те и нај­до­бри цен­три во исто­ри­ја­та на НБА-ли­га­та, а ве­ќе след­на­та се­зо­на Бо­стон ја освои ти­ту­ла­та. И тоа ток­му про­тив Сент Лу­ис, тим од ко­го го граб­наа Ра­сел, во ед­но од нај­до­бри­те фи­на­ли­ња на си­те вре­ми­ња. Со по­бе­да по две про­дол­же­ни­ја во пос­лед­ни­от сед­ми меч од 125-123. Во се­ри­ја на се­дум мит­ски ду­е­ли на две из­во­нред­ни еки­пи, со но­ка­ут за Сент Лу­ис во сед­ма­та рун­да и со за­бра­на за гле­да­ње на воз­буд­ли­ви­те на­ста­ни за си­те со сла­бо ср­це и тен­ки нер­ви. По­тоа, за сѐ да би­де по­лес­но и по­мал­ку не­из­вес­но, Бо­стон на­ре­ди осум кру­ни ед­но­по­дру­го, ре­корд што сѐ уште е ва­жеч­ки во кон­ку­рен­ци­ја на си­те про­фе­си­о­нал­ни ли­ги во Аме­ри­ка.

 

sport133-kometal-1

Ко­ме­тал 17

sport133-kometal-2Во ре­дот на го­ле­ми­те, на не­по­бед­ли­ви­те, на еки­пи­те што не­ми­ло­срд­но по­бе­ду­ваа во се­ри­ја и осво­ју­ваа ти­ту­ли, има ме­сто и за ма­ке­дон­ски со­став, за жен­ски­от ра­ко­ме­тен клуб Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров. Се­дум­на­е­сет ти­ту­ли по ред во Ма­ке­до­ни­ја, во бле­ска­ви­от пер­и­од на жен­ски­от клуп­ски и ре­пре­зен­та­ти­вен ра­ко­мет од 1993 го­ди­на до 2009 го­ди­на. Има­ше и по­бе­ди без при­мен гол, ре­кор­ди од по 60 по­го­до­ци раз­ли­ка, куп­ски тро­феи, а ка­ко шлаг на тор­та­та дој­де и европ­ска­та ти­ту­ла. Ус­пе­си за по­чит, ре­корд­ни 17 до­маш­ни кру­ни, за жал, са­мо ка­ко ми­на­то и ка­ко све­дош­тво на еден го­лем клуб што ве­ќе не по­стои. Овие 17 ти­ту­ли во се­ри­ја од 1993 го­ди­на до 2009 го­ди­на се ре­корд во си­те спор­то­ви од не­за­вис­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 133. број на неделникот „Република“, 20.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top