Вториот светски рекет, Русинката Марија Шарапова, е елиминирана на стартот на мастерс-турнирот во Мајами. Таа загуби во второто коло од сонародничката Дарија Гаврилова со 2-0 (7-6-6-3) во сетови. Иако Гаврилова е на 97. место на ранг-листата на ВТА подобро се снајде на теренот добивајќи го првиот сет во тај-брејк.
Во вториот сет нервозата на Шарапова беше уште поголема, а тоа резултираше со губење и на вториот сет со 6-3. Младата Русинка направи голема сензација и се промовираше како наследник токму на Шарапова во светскиот тенис која доаѓа од истата земја.
Данската тенисерка Каролина Вознијацки за помалку од еден час игра ја совлада Американката Медисон Брандл со 6-0, 6-1.
Во машка конкуренција, Канаѓанецот Васек Поспишил го елиминираше Хуан Мартин дел Потро, кој по подолга пауза се врати на терените. Сепак, очигледно е дека сѐ уште не е во потребната форма, па загуби со 2-0 во сетови (6-4, 7-6). Дел Потро моментално се наоѓа на 616. место на листата на АТП и се очекува негов брз напредок по неколкугодишната апстиненција од тенисот поради повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


