| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден: како Србите го урнаа митот за невидливиот Ф-117А?

stelt urnat srbijaМитот за несоборливиот американски „невидлив“ ловец бомбардер Ф-117А е урнат пред 16 години, на денешен ден, кога единиците на Војската на Југославија го соборија тој авион.

Леталото Ф-117А го соборила 3. Дивија на 250. Бригада на противвоздушната одбрана, која во 20.42 часот, благодарение на способноста на единицата, исправната техника и „малата техничка иновација“ успеала да го погоди од земја. Авионот падна во атарот на селото Буџановац бидејќи претходно бил гаѓан со две ракети од типот „нева“, а со единицата што го собори командувал полковник Золтан Дани. Пилотот на соборениот авион Дејл Зелк бил евакуиран од американските сили.

Ф-117А „ноќен сокол“ репутацијата ја стекна со борбените летови над Ирак во Заливската војна во 1991 година кога според објавените податоци 1270 пати прелетал незабележително на ирачкото небо во 39 борбени мисии. Авионот конструиран во облик на брусен дијамант, што е необично за летало за таква намена, во американската воена терминологија го добил називот „стелт“ што на англиски значи „скришно“, „тајно“, „невидливо“. Авионот претставуваше симбол на современата технологија со која е опремен која му овозможува да биде „невидлив“ за сите радарски системи.

F 117a

Авионот има остри агли кои претставуваат група од кривини кои ги одбиваат радарските зраци, а благодарение на специјалниот композитен материјал од кој е направен влијае на тоа леталото да не може да се регистрира на радар. За тоа како Србите успеале да го надмудрат софистицираниот систем пишуваше њујоршки „Њузвик“ во јули 1999 година:

„Три ноќи пред судбоносниот лет на Ф-117А, „стелт“ авиони летаа практично на истата маршрута. Србите секој ден ги поместуваа радарите, а ги вклучуваа само на кратко, колку што е потребно да ги снимат маршрутите на авионите кои доаѓаат, но не доволно да открие авионот на НАТО за детектирање“.

Весникот наведува дека четвртата ноќ, додека Ф-117А фрлал бомби врз цели во близина на Белград, отворот за исфрлање на проектили на авионот на српските радари почнал да дава сигнал, така што Србите брзо испалиле ракета и ја погодиле целта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top