Од 1 април годинава повторно се воведуваат во редовен железнички сообраќај привремено укинатите патнички возови 541, кој сообраќа на релацијата Скопје – Битола со тргнување од Скопје во 16.55 часот, и 540, кој сообраќа на релација Битола – Скопје, а од Битола тргнува во 5.18 часот.
„МЖ Транспорт“ денеска соопшти дека возовите ќе сообраќаат според важечкиот возен ред со тоа што, поради технолошка организација на сообраќајот, возот 541 (Скопје – Битола) првпат во повторен сообраќај ќе се вклучи на 1 април, а возот 540 (Битола – Скопје) на 2 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст