Албанската полиција вечерва ги уаспи пратениците Том Доши од Социјалистичката партија и Марк Фроку од Демохристијанската партија, која е дел од владината коалиција, јави дописникот на МИА од Тирана.
Пратеникот Доши бил уаспен во неговиот дом, додека Фроку во угоститеслки објект сопственост на неговата фамилија. Во полициската акција за нивно апсење биле вклучени и припадниците на специјалната единица „Шќипоња“.
Тие се уапсени веднаш по изгласаната одлука од страна на Парламентот за одземање на нивниот пратенички имунитет, со што беше дадено зелено светло за кривично гонење на пратениците, нивно апсење и претрес на нивните домови.
За одземање на пратеничкио имунитет на Доши гласале 80 пратеници, додека за одземање на имунитетот на Фроку гласале 79 пратеници и еден „воздржан“. Пред гласањето опозициските пратеници, освен Месила Додада ја напуштија собраниската сала.
Доши и Фроку го обвинија првиот парламентарец Илир Мета, дека нарачал платени убијци за нивна ликвидација. По обвинувањата, Обвинителството спроведе истрага и заклучи дека обвинувањата се лажни и побара од Парламентот да им се одземе имунитетот за да може да покрене обвинение за измама и клевета, што беше направено денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре