Централниот бек на Вардар, Игор Карачиќ, во утрешното полуфинале од ракометната СЕХА-лига ќе игра против својот брат Иван, кој настапува за Мешков.
– Доаѓаме тука по два тешки дуели со Висла, и повторно ќе треба да играм против мојот брат Иван, кој настапува за Мешков. Во текот на сезоната повеќепати игравме без некои клучни ракометари, па и сега ќе биде можеби исто. На некои натпревари можеш да си дозволиш да играш без некои ракометари, но на важни натпревари кога недостасува некој во тимот, тогаш треба сите други да дадат сѐ од себе. Ние доаѓаме во Веспрем со мисла да стигнеме до финалето – изјави Игор Карачиќ, по пристигнувањето во унгарскиот град каде што се одржува завршниот турнир во регионалното натпреварување.
Вардар директно се пласира во полуфиналето, заедно со Веспрем како најдобри две екипи од регуларниот дел на сезоната во СЕХА.
Македонскиот вицепрвак во Веспрем пристигнаа без тројца стандардни ракометари, Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.