Се подготвува ли црно сценарио во Македонија?! Сѐ погласни се информациите дека лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, ѝ подготвува црно и крваво сценарио на земјава. „Нетпрес“, повикувајќи се на извори во безбедносните служби и од извори во СДСМ, објавува дека е голема веројатноста за реализација на вакво сценарио кое ќе биде потпомогнато и од радикални исламски елементи, кое би почнало со објавување на нова т.н. бомба од страна на Заев, во која ќе бидат пуштени во јавност сечени, креирани и фингирани снимени телефонски разговори поврзани со злосторството кај Смилковско Езеро кога беа убиени пет лица, четири момчиња и еден рибар. Според информациите на креираните снимки Заев ќе им даде контекст кој би имал за цел создавање перцепција и незадоволство на граѓаните.
Не се исклучува сценариото да почне уште денес кога е објавена нова прес- конференција на Заев со почеток во 14.30 часот.
„Нетпрес“, повикувајќи се на партиски извори од опозицијата, објави дека веќе неколку дена СДСМ интензивно договарал со новата албанска партија во Македонија, Беса, под чиј параван би се организирале голем број радикални исламски елементи, веднаш по пресот на Бихаќка, да се организира протест пред судовите во Скопје и обид за насилно влегување во нив.
Истовремено, пак, преку првиот човек на Достоинство, Стојанче Ангелов, и поддршка од лица со криминални досиеја, ќе има обид да бидат нападнати некои од институциите и обид за насилно влегување во нив. Претпоставките се дека цел на тие напади, најверојатно, ќе бидат македонското Собрание, а не се исклучува и објектот на Македонската радио-телевизија. Како индикација за можност ова црно и крваво сценарио да почне уште денеска, е и денешното барање на Здружението за заштита на осудените во случајот „Монструм“, а според извори од СДСМ Заев се обидувал да ги контактира и да ги повика на прес-конференција и родителите на убиените кај Смилковско Езеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст