Неуспехот да се постигне нуклеарен договор со Иран може да значи трка во нуклеарното вооружување на Блискиот исток, предурпеди денеска министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд.
– Јас и понатаму останувам на тоа дека никаков договор е подобар од лош договор, но исто така треба да разгледаме и алтернатива, изјави Хамонд.
Тој додава дека нема ограничувања во истражувањето и развојот на нуклеарната програма и дека нема независно следење.
– Тоа во основа значи се уште нестабилен Блиски исток со перспектива за трка во нуклеарното вооружување во регионот, нагласи министерот за надворешни работи на Велика Британија.
Изјавата ја даде откако американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Швајцарија на разговори со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Јавад Зафир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.