Директорот на Руски железници, Владимир Јакуњин го претстави пред Руската академија на науките планот за трансибирскиот автопат, кој би ја поврзал источната граница на Русија со сојузната американска држава Алјаска.
Суперавтопоатот би преминувал преку Беринговиот мореуз, кој ги разделува Азија и Северна Америка.
Проектот за Транс-евроазискиот појас „Развој“ (TEPR) предвидува изградба на голем автопат во линија со постоечката Транссибирска железница, како и на новата железничка мрежа, нафтоводите и гасоводите.
– Ова е меѓународен, меѓуцивилизациски проект. Овој проект би требало на светот да му отвори нова димензија на иднината, изјавил Јакуњин.
Патот би поминувал низ цела Русија и би се поврзал со постоечките мрежи во Западна Европа и Азија. Оддалеченоста помеѓу источните и западните граници на Русија зинесува околу 10. 000 километри.
Сепак, во проектот сеуште не е јасно дефинирано како би се преминувало преку морето, а најкратката оддалеченост помеѓу Русија и Алјаска изнесува околу 88 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст