| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец го избегна вчерашниот кобен лет на „Џерман вингс“

pr.jpg500

Екипата на шведскиот третолигаш Далкурд уште долго ќе го памети вчерашниот ден бидејќи избегна сигурна смрт откако во последен момент фудбалерите и стручниот штаб решија да не се качат во авионот на германската компанија „Џерман вингс“, кој вчера се урна во јужниот дел на француските Алпи.
1pr.jpg500
Имено, составот на Далкурд се враќал дома во Борлење од Барселона и тој лет во прв момент им се видел како најдобра опција, бидејќи сите можеле да бидат сместени во ист авион. Меѓутоа, кога сфатиле оти во Диселдорф предолго ќе го чекаат следниот лет, за Шведска, решиле да го променат планот кој на крајот се покажа и како полн погодок. Тие одлучиле да се поделат во три авиони, со императив што побрзо да се вратат дома. Меѓу членовите на Далкурд е и поранешниот фудбалер на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Предраг Ранѓеловиќ.
Сите 150 патници и членови на екипажот на „Џерман вингс“ загинаа, додека шведскиот тим стигна безбедно на планираната дестинација. Поради доцната измена на планот, Швеѓаните ни им најавиле на најблиските дека го промениле летот, па во Борлење завладеала паника.

– Ние среќно стигнавме дома. Нашите мисли и молитви се насочени кон семејствата на настраданите патници зашто можевме и ние да бидеме во тој лет – изјави директорот на клубот, Адил Кизли.

Извор: Дерби.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top