| четврток, 6 декември 2018 |

Две групи на платени убијци дејствуваат во Албанија

Во Албанија дејствуваат две групи платени убијци, оние кои живеат во некои од земјите на Европската унија (ЕУ) и другата група оние кои живеат во Албанија, се наведува во студијата на експерти од ова област, пренесува тиранската телевизија Визион плус.

Експерите Фабиан Жила и Бесфорт Ламалари, исто така, дошле до констатација дека откривањето на неколку лаборатории за преработка на силни дроги ја доведува во опасност Албанија да стане земја производител, пренесе МИА.

– Ја анализиравме ситуацијата во изминатите 25 години транзиција, при што во областа на перењето пари дојдовме до заклучок дека областите каде најмногу се инвестира се градежништвото, бизнисот со игри на среќа, производство на електрична енергија и туризмот. Начинот на прикажување на приходите во легалната економија се трансакциите во банките од второ ниво, велат експертите.

Според нив, сериозна опасност која и се заканува на Албанија е кибер криминалот, во кој се вклучени млади од 18 до 35 годишна возраст.Тие се поврзуваат најчесто со хакерски групи од регионот, главно од Косово, но се поврзани и со меѓународни криминални организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top