Водителот и актер Драган Маринковиќ Маца, остро ја искритикува продукцијата на Х Фактор, бидејќи како што вели, тие не се грижат за натпреварувачите и го спореди шоуто со „Операција Триумф“, каде никој од натпреварувачите не доби ништо.
Маца истакнал дека продуцентите на Х Фактор залудно се обидуваат да ја надминат гледаноста на аудициите на Пинк, емисија во која тој е еден од членовите на жирито:
– Формат, веќе виден, продукциски безобразен. Најблаго речено, како Операција Триумф, Првиот глас на Србија…. Велам безобразен затоа што не се удостоија на победниците, како ниту на другите талентирани натпреварувачи да им обезбедат барем нормален живот, а не пак сигурност.
Од друга страна ја пофали „Гранд Продукција“.
– Без разлика дали ви се допаѓа или не, тие се грижат за нивните луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.