Францускиот магазин „Франс фудбал“ изврши истражување за вкупната заработка на најдобриоте фудбалери и тренери во светот.
Очекувано најплатен фудбалер е аргентинскиот ас Лионел Меси кој годишно заработува 65 милиони евра, но тоа е сума пред да бидат платени даноците.
Околу половина од оваа сума е договорот на Меси со Барселона, додека остатокот е од богатите спонзорски договори со Најк, Фифа 15 и Туркиш Ерлајнс.
Втор на листата е Кристијано Роналдо кој заработува околу 11 милиони евра помалку кој истотака има голем број на спонзори, но со помалку вредни договори.
Трет е уште еден играч на Барелона, Нејмар, кој според некои бразилски медиуми тој поголем процент од парите ги заработува од спонзорски договори, а сумата изнесува околу 36 милиони евра без платени даноци.
Во топ 10 фудбалери со најголема заработувачка се и Герет Бејл со 24 милиони, Робин Ван Перси, Вејн Руни, Агуеро. Руни е најплатениот фудбалер во Премиер лигата, но има поефтини договори со спонзорите од Ван Перси и Агуеро.
Листата ја затвараат Јаја Туре, Еден Азар и Златан Ибрахимовиќ.
Што се однесува до тренерите, Жозе Мурињо е без конкуренција.
Португалецот не најплатен тренер во светот со годишна заработка од 18 милиони евра. На второто место е Арсен Венгер со околу 12 милиони евра, додека на третото место е Луис Ван Гал со 10 милионска заработка. Во топ 5 се уште двајца тренери кои не се прославија во големи клубови. Андре Виљаш Боаш со нешто помалку од 10 милиони заработка од Зенит и Дејвид Мојес кој заработува околу осум милиони.
Чудно е што на оваа листа на тренери го нема првиот човек на клупата на Баерн, Пеп Гвардиола кој своето реноме скапо го наплатува од неприкосновениот германски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.