Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против две лица од кои едното е државјанин на Република Бугарија, поради постоење на основано сомнение за даночно затајување.
Како што соопшти денеска Финансиската полиција првопријавениот А.Д, во својство на сопственик и управител на Друштвото за трговија и услуги Рефус Трејд ДООЕЛ увоз – извоз Скопје, во периодот од 31 јануари 2011 година до 29 декември 2011 година и второпријавениот бугарски државјанин Д.В во својство на сопственик и управител на правниот субјект Рефус Трејд ДООЕЛ Скопје, во период од 29 декември 2011 година до денес, за работењето на правниот субјект Рефус Трејд ДООЕЛ Скопје во текот на 2011 и 2012 година не пријавиле и не уплатиле ДДВ и Персонален данок на доход во вкупен износ од 160.000 евра.
Кривичното дело пријавените го извршиле на начин што во име на правниот субјект Рефус Трејд ДООЕЛ Скопје изготвиле и до разни купувачи доставиле 88 фактури за продажба на секундарни суровини – отпад, во кои е искажан ДДВ од 18 отсто, а за кои не воделе сметководствена евиденција, до УЈП не поднеле задолжителна ДДВ пријава и не го пријавиле износот на искажаниот ДДВ, иако правниот субјект е регистриран ДДВ обврзник. Откако пријавените ги наплатиле побарувањата по основ на продадените секундарни суровини наведени во доставените фактури, од трансакциската сметка на правниот субјект Рефус Трејд ги подигнале сите парични средства во готово заедно со износот на ДДВ-то кое требало да го уплатат во Буџетот на Република Македонија.
Првопријавениот А.Д кој е и основач на Друштвото за трговија и услуги Рефус Трејд ДООЕЛ увоз – извоз од Скопје свесен дека целокупното работење на правниот субјект е криминално, во обид да ја избегне кривичната одговорност, на 2 дена пред истекот на годината за која требало да пресмета и плати ДДВ, сопственоста на правниот субјект Рефус Трејд ДООЕЛ Скопје ја отстапил на второпријавениот Д.В, државјанин на Република Бугарија. Доказ дека преносот на сопственоста на фирмата е само параван за затскривање на криминалот, како што наведува Финансиската полиција, е фактот што првопријавениот А.Д и откако формално-правно ја отстапил сопственоста на Рефус Трејд на Бугаринот Д.В, тој и понатаму продолжил да работи со фирмата, односно во име на правниот субјект Рефус Трејд кон повеќе фирми продолжил да испорачува секундарни суровини – отпад, а парите кои купувачите ги уплатиле, веднаш по трансферот ги подигнувал во кеш од сметката на фирмата на која се уште бил овластен потписник.
Финансиската полиција го обезбеди првопријавениот управител на Рефус Трејд, А.Д од Скопје при што е лишен од слобода и предаден на распит пред надлежен јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава. Вторпријавениот Д.В кој е државјанин на Република Бугарија согласно податоците од предистражната постапка не е на територијата на Република Македонија заради што се уште е недостапен за органите на прогонот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход