| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија лани имала 32 милионери

милионери

Според податоците на бугарската Национална агенција за приходи (НАП), во 2014 година во Бугарија имало 32 лица кои имале приходи поголеми од еден милион евра (над 511.000 евра).

Последниот додаден на листата на милионери, како што јави БТА, е еден жител на бугарскиот град Трговиште, кој лани заработил 1,74 милиони лева (речиси 890.000 евра), со што се наоѓа на 13-ти место на најбогатите Бугари.

Инаку, најголемиот број од бугарските милионери, дури 20, живеат во Софија, а по двајца во Шумен, Стара Загора и Русе. По еден милионер, покрај Трговиште, имаат и Велико Трново, Враца, Пловдив, Варна и Бургас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top